Потпишан договорот за изградба на улица во Курија во должина од 531 метри PDF Печати
   Заедно со претставникот на избраната фирма изведувач на работите Градба промет-Кавадарци и официјално го потпишавме договорот за изведување на градежните работи за изградба на улица во село Курија. Имено, општина Неготино преку договорот за грант со Министерството за финансии ги обезбеди потребните финансиски средства за комплетна изградба на улица во село Курија во должина од 531 метри. Станува збор за грант во висина од 3.695.970 денари кој е доделен од страна на Меѓународната банка за обнова и развој ( Светска банка) во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги МСИП2, а покрај од грантот  при реализацијата на овој проект со сопствени средства од општинскиот Буџет ќе учествува и општина Неготино, како и средства кои се од подзаемот од Министерството за финансии преку Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) од Вториот проект за подобрување на општинските услуги МСИП2. Очекувам работите на терен да запознат во најскоро време.