Потпишав договор за учество на општина Неготино во Регионалниот советувалишен центар PDF Печати
  Заедно со колегите градоначалници од Кавадарци, Росоман и Д.Капија, како и претставниците на Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство и Здружението на родова еднаквост „Визија“ од Кавадарци, официјално го потпишавме меморандумот за „Воспоставување на Советувалишен центар за помош и поддршка на жртви на  родово базирано и семејно насилство“ заедно со договорот за финансиска поддршка на граѓанските организации. Со договорот се уредуваат правата, одговорностите и обврските помеѓу двете страни-општините и невладините организации во делот на поддршка на граѓанските организации за унапредување и заштита на жените и децата жртви на родово базирано и семејно насилство, со единствена цел за воспоставување на Регионален советувалишен центар за помош и поддршка во Вардарскиот регион. Од проектот се очекува подобрување и унапредување на социјалните услуги за жените и децата жртви на насилство, подигнување на јавната свест, спроведување кампањи и споделување информации на локалното население за достапните услуги на овој советувалишен центар.