Се поставува сообраќајна сигнализација на ул.„Антигона“, и „Енгелсова“, а подоцна и на „ЈНА“ PDF Печати
   Согласно договорите помеѓу општина Неготино и изведувачот на работите Виа сигнал-Скопје склучени на 24.01 и 14.02.2022 година, отпочнати се и течат активности за поставување сообраќајна сигнализација на 3 улици во Неготино и тоа „Едвард Кардељ“, „ЈНА“ и „Антигона“.  Изведбените активности се однесуваат на поставување на вертикална и хоризонтална  сообраќајна сигнализација согласно Основниот сообраќаен проект за утврдување на режим на сообраќај на дел од уличната мрежа. Дел од сигнализацијата е веќе поставена и се уште се поставува на улиците „Едвард Кардељ“ и „Антигона“, а како што информираат стручните служби, соодветната сигнализација на улицата „ЈНА“ ќе се постави веднаш по завршувањето на реконструкцијата и асфалтирањето на истата. За вршење на надзорот на изведбените активности одговорна е фирмата Павер трејд од Кавадарци.