Се поставува атмосверска канализација на дел од ул„ЈНА“ PDF Печати
   Со цел за прифаќање и акумулирање на атмосверските води од улицата и надминување на овој долгогодишен проблем со кои се соочуваат жителите, општина Неготино согласно Програмата за комунални дејности и уредување на градежното земјиште за 2022 година и согласно договорите со ЈП Комуналец од 10.01 и 28.02.2022 година, во тек е изградба на атмосверска канализација на дел од улицата „ЈНА“ во нашиот град. Имено, при увидот од страна на стручните служби и укажувањата на жителите кои живеат на оваа улица, констатирано е дека на кракот пред училиштето „Гоце Делчев“ се јавува проблем со акумулацијата на атмосверските води. Токму затоа, работници на ЈП Комуналец со цел што е можно побрзо да се одговори на барањата на општината, се присутни на терен и работат на изградбата на атмосверската линија со сите потребни елементи и со приклучок до најблиската линија на спојот на оваа со улицата „Маршал Тито“.