Доделени признанија на крводарители од општина Неготино PDF Печати
 Во пресрет на 17 Март- Денот на крводарителството и 77 години од Денот на формирањето на Црвениот крст, денеска приредив свечeн прием за крводарителите од oпштината и раководството на Општинската организација на Црвен Крст. На средбата нагласив дека како градоначалник чест и привилегија ми е да бидам во друштво на најхуманите жители на општината и дека важно за нас како општина е што крводарителството од година во година е се позастапено, покажува забележителен прогрес и секоја година се натфрла годишниот план на предвидени крводарувања, факт кој го потврди и секретарот на Црвениот крст Тошко Настов. Заедно, на повеќекратни крводарители им доделивме признанија и тоа:-за 25 крводарувања на Васко Чолов, за 50 на Ќиро Ѓорѓиев, за 75 на Диме Илиев и Атанас Атанасов, а за 100 реализирани крводарувања признание доби Бранко Стојанов. Ја користам можноста на сите крводарители од општина Неготино да им го честитам 17-ти Март-Денот на крводарителството.