Неготино доби станица за мерење на амбиенталниот воздух, ќе се набавуваат и други PDF Печати
  Деновиве Здружението на граѓани „Еко вита“ од нашиот град ја постави и ја пушти во употреба првата индикаторска станица во Неготино. Како што појаснуваат одговорните, со истата ќе се мерат и снимаат податоци за температурата, влажноста, ПМ-2,5 и ПМ-10, а резултатите ќе се снимаат и прикажуваат и во секое време ќе им бидат достапни на граѓаните на апликацијата „Мој воздух“. Општина Неготино изразува благодарност до „Еко вита“ за поставувањето на првиот еко уред за мерење на амбиенталниот воздух и е подготвена со обезбедување финансиски средства да учествува во набавката на уште неколку вакви уреди преку кои граѓаните во секое време ќе можат да бидат информирани за моменталниот квалитет на амбиенталниот воздух. Истите се планира да бидат поставени на различни локации во градот и населените места и ќе бидат вклучени во апликацијата „Мој воздух“.