Неготинската библиотека ги награди членовите со најмногу прочитани книги PDF Печати
   На пригодна свеченост која се одржа во просториите на библиотеката, беа доделени наградите што традиционално им се врачуваат на лицата кои имаат прочитано најмногу книги во изминатата година. На покана на организаторот, на овој настан можноста да присуствува со задоволство ја искористи градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов  за на најчитателите за 2021 година да им ги додели пригодните дипломи, а воедно на добитниците да им честита на постигнатиот успех. Врз основа на евиденцијата на локалната библиотека „Страшо Пинџур“ од Неготино, награди за најчитатели градоначалникот Стојанов им додели на Ката Апостолова, Пепица Ѓорѓиева, Емилија Трајкова, Елена Јорданова и Невенка Андова.