Ј А В Е Н П О В И К за формирање на Совет за превенција на детско престапништво PDF Print
There are no translations available.

 Врз основа на член 158 од Законот за правда за децата („ Службен весник на Република Македонија“ број 148/13 и „Службен весник на Република Северна Македонија “ бр. 152/19 и 275/19), Градоначалникот на Општина Неготино објавува

                                        Ј А В Е Н    П О В И К
за формирање на Совет за превенција на детско престапништво

 Се повикуваат Министерството за внатрешни работи – ОВР Неготино, Министерството за труд и социјална политика – МЦСР Неготино, советот на родители на основните училшта „ Гоце Делчев “ и „ Страшо Пинџур “ Неготино и советот на СОУ „ СВ. Кирил и Методиј “ Неготино , Унијата на средношколци,  Адвокатската заедница на Општина Неготино, здруженијата и фондациите на територијата на општина Неготино кои работат на проблематика со детско престапништво, ОЈО Кавадарци , Основен суд – Неготино , да номинираат лице за член во Советот за превенција на детско престапништво.

 Номинацијата на лицето со кратка биографија да биде доставена во рок од 8 дена од денот на објавувањето на јавниот повик ( 10.02.2022 година ) на официјалниот емаил на општината This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it , преку архивата на општина Неготино или по пошта на адреса улица „ Ацо Аџи Илов “ бр.2 Неготино.