Градоначалник PDF Печати

Горан Стојанов



Градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов е роден на 19 ноември  1977 година во Неготино. Основно и средно образование завршува во Неготино. Високо образование завршува на Медицинскиот факултет при Тракиискиот Универзитет во Стара Загора, Република Бугарија. Оженет и татко на две деца.
Од 2005-2012 работи како лекар по општта медицина во ПЗУ „ Поликлиника Жана “ во Неготино, а од 2012 па се до изборот на градоначалник на Општина Неготино работи како специјалист по интерна медицина во ЈЗУ „ Здравствен дом “ Неготино.
Во периодот од 2009 до 2013 година е советник во Советот на Општина Неготино.
Од странски јазици говори англиски, бугарски и српски јазик.
На локалните избори во октомври 2021 година е избран за градоначалник на Општина Неготино.
 

НАДЛЕЖНОСТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

- Ја претставува и застапува Општината;
- Ја контролира законитоста на прописите на советот;
- Ги објавува прописите на советот во службено гласило;
- Го обезбедува извршувањето на работите на одлуките на советот;
- Го обезбедува извршувањето на работите кои со закон се делегирани на општината;
- Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на советот;
- Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на општината;
- Го извршува буџетот на општината;
- Избира директори на јавните служби кои ги основала општината, врз основа на јавен конкурс;
- Редовно го известува советот за извршување на своите надлежности во согласност со статутот;
- Решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со закон;
- Донесува правилник за систематизација на работни места во општинска администрација;
- Раководи со општинска администрација;
- Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон;
- Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на општината, во согласност со закон и статут;
- Врши други работи утврдени со закон и со статут;
- Градоначалникот може да овласти раководен службеник на општината да ја води постапката и да решава во управни работи, како и да потпишува акти.