Од петок до недела (24-26.09) изменет режим на сообраќај кај новиот кружен тек PDF Печати

   Со интензивирањето на градежните активности околу изградбата на новиот кружен тек во близина на зградата на ОВР Неготино, се јавува потреба од изменет режим на сообраќај во тој дел на градот. Имено, во деновите од петок 24.09 до недела 26.09. ќе се врши асфалтирање на кружниот тек и поради безбедно одвивање и на работите и на сообраќајот, се известуваат граѓаните дека овие 3 денови ќе има изменет режим на сообраќај   односно тешките товарни возила кои ќе сообраќаат на патниот правец кон Кавадарци и обратно ќе бидат пренасочувани преку патниот правец Росоман – Кавадарци. Токму затоа, се замолуваат граѓаните за разбирање и почитување на режимот и поставените сообраќајни знаци. Со завршувањето на изградбата на новиот кружен тек ќе се реши деценискиот проблем со сообраќајниот хаос на најфреквентната раскрсница во градот и ќе се создадат услови за зголемена безбедност на сите учесници во сообраќајот.