О Д Л У К А За избор на административен службеник по пат на интерен оглас PDF Печати

Република Северна Македонија
ОПШТИНА НЕГОТИНО
Бр.04-342/12
07.06.2021година

Врз основа на член 52 став 1 од Законот за административни службеници (,,Сл.весник на РМ,, бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18  и (,,Сл.весник на Република Северна Македонија,, број 275/2019 и 14/2020)), Секретарот  на општина Неготино  во постапка за унапредување на административен службеник преку Интерен оглас , ја донесе следната

О Д Л У К А
За избор на административен службеник по пат на интерен оглас

    1.Интерниот оглас бр.02/2021 објавен на ден 21.05.2021 година за унапредување на административни службеници во општинската администрација на општина Неготино со шифра: УПР 01 01 В01 000 и назив на  работно место - Советник за водење и координирање на проекти со странски донации за ЛЕР во Одделението за локален економски развој, Сектор за урбанизам и заштита на животната средина, комунални работи и сообраќај и локален економски развој,  се избира административниот службеник Јасминка Дуровиќ. За работното место со шифра: УПР 01 01 В01 000 и назив на  работно место – Советник за утврдување и наплата на локални даноци и такси во Одделение за даноци , такси и надоместоци , Сектор за финансиски прашања се избира административниот службеник Ристе Ташев и за работното место со шифра: УПР 01 01 В02 000 и назив на работно место – Виш соработник за утврдување и наплата на локални даноци и такси во Одделение за даноци , такси и надоместоци , Сектор за финансиски прашања се избира административниот службеник Елена Јовановиќ.

    2.По завршувањето на постапката за избор и конечноста на оваа одлука, ќе се донесе соодветно решение за унапредување на избраните административни службеници.

    3.Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето.
О б р а з л о ж е н и е
    Агенцијата за администрација по барање на општина Неготино на својата интернет страница објави интерен оглас бр.02/2021 година на ден 21.05.2021 година за унапредување на административни службеници во општинската администрација на општина Неготино во Одделението за локален економски развој, Сектор за урбанизам и заштита на животната средина, комунални работи и сообраќај и локален економски развој,  со шифра: УПР 01 01 В01 000 и  назив на работно место – Советник за водење и координирање на проекти со странски донации за ЛЕР,  шифра на работно место УПР 01 01 В01 000,  во Одделение за даноци , такси и надоместоци, Сектор за финансиски прашања, со шифра: УПР 01 01 В01 000 и назив на работно место - Советник за утврдување и наплата на локални даноци и таски и во Одделение за даноци , такси и надоместоци , Сектор за финансиски прашања, со шифра: УПР 01 01 В02 000 и назив на работно место - Виш соработник за утврдување и наплата на локални даноци и такси.
    Комисијата за селекција на административен службеник на ден 03.06.2021 година во  10:30 часот спроведе административна селекција по интерен оглас број 02/2021, при што се утврди дека уредно доставени документи за работното место  - Советник за водење и координирање на проекти со странски донации за ЛЕР имаше доставено единствениот кандидат Јасминка Дуровиќ, за работното место - Советник за утврдување и наплата на локални даноци уредно доставени документи имаше доставено единствениот кандидат Ристе Ташев и за работното место - Виш соработник за утврдување и наплата на локални даноци и такси  уредно доставени документи имаше доставено единствениот кандидат Елена Јовановиќ. Истиот ден во 11:00 часот се спроведе и интервју со кандидатите согласно Законот за административни службеници. По спроведеното интервју , Комисијата изготви финална ранг листа, врз основа на која Секретарот  на општина Неготино изврши избор  како во дипозитивот на оваа одлука.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против оваа одлука кандидатот има право  да поднесе жалба до Агенцијата за администрација Скопје во рок од 8(осум) дена од објавување на одлуката на ВЕБ страницата  на институцијата.

Одлука