70 граѓани набавија субвенционирани велосипеди од општина Неготино PDF Печати
  Општина Неготино ги известува граѓаните на општината дека поради големиот интерес за добивање на субвенции за набавка на велосипед или адаптиран велосипед, за 14 дена од објавувањето на јавниот повик, средствата во висина од 300.000 денари кои општината ги предвиде за оваа намена се исцрпени, а со тоа и јавниот повик  е затворен. На јавниот повик за добивање на субвенции за набавка на велосипед или адаптиран велосипед во овој период се пријавија вкупно 70 заинтересирани граѓани на општината.