КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеОдржан петтиот инфо ден во рамки на проектот „ ЕНПОЛ – ЕЕ “ |
Денес во општина Неготино, односно во Центарот за култура „ Ацо Ѓорчев “ се одржа петтиот, а воедно и последен информативен ден на тема „ Подобрување на капацитетите на енергетска ефикасност во општините и промоција на подготвените програми за енергетска ефикасност за наредните 3 години “. Оваа активност е една од многубројните активности кои се организираат во рамки на проектот „ Енергетска ефикасност во прекуграничниот регион како индикативен фактор за политика на животната средина“ со акроним „ ENPOL – EE “, а се реализира во партнерска соработка на Oпштина Неготино, СОУ„ Св.Кирил и Методиј “ Неготино, Општина Пела и Општинското јавно претпријатие за култура и развој на Пела од Грција . Имено, пред почетокот на инфо денот беа доделени 600 зимзелени садници на сите кои земаа учество на отворениот повик „ Награди за најдобри енергетски практики “ кој беше објавен на официјалниот веб сајт на општина Неготино, но и останати граѓани од општината кои земаа учество на настанот. |