ПОКАНА PDF Print
There are no translations available.

Почитувани,
    Во рамките на проектот „ENPOL – EE”, од програмата за прекугранична соработка „Interreg – IPA CBC Грција-Р.Северна Македонија”,во периодот од 2014 – 2020 година,,
 Општина Неготинo организира настан за доделување на награди “Награди за најдобри енергетски практики”.
Сите домаќинства и компании кои земаа учество со пополнување на прашалникот, ќе добијат зимзелени садници и благодарница за учество на отворениот повик “Награди за најдобри енергетски практики”.
Оваа активност е една од многубројните активности кои се организираат во рамки на проектот „Енергетска ефикасност во прекуграничниот регион како индикативен фактор за политика на животната средина” со акроним „ENPOL – EE”, се реализира во партнерска соработка на Oпштина Неготино, Средно општинското училиште „Св.Кирил и Методиј” - Неготино, Општина Пела и Општинското јавно претпријатие за култура и развој на Пела од Грција .
Наградите може да се подигнат на 17.11.2020 (вторник) во период од 09 до 11 часот пред општинската зграда.
На сите учесници во настанот ќе им бидат поделени зимзелени садници и пакување со закуска и кафе.
Сите оние кои сакаат да се приклучат на отворениот повик, може да го пополнат прашалникот во прилог и да го достават на ел.адреса This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it не подоцна од 15.11.2020.

Прашалник за домаќинства

Прашалник за  компании

Покана за најдобри енергетски практики

 

 

Финансиски индикатор