КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеПОКАНА |
Почитувани, Во рамките на проектот „ENPOL – EE”, од програмата за прекугранична соработка „Interreg – IPA CBC Грција-Р.Северна Македонија”,во периодот од 2014 – 2020 година,, Општина Неготинo го организира петтиот инфо ден кој ја обработува темата „Подобрување на капацитетите на енергетска ефикасност во општините и промоција на подготвените програми за енергетска ефикасност за наредните 3 години”. Оваа активност е една од многубројните активности кои се организираат во рамки на проектот. За таа цел Ве покануваме да присуствувате на петтиот и последен инфо ден на тема: „Подобрување на капацитетите на енергетска ефикасност во општините и промоција на подготвените програми за енергетска ефикасност за наредните 3 години” кој ќе се одржи на 17.11.2020 (вторник) во Центар за култура – Ацо Ѓорчев, Неготино, со почеток од 10:50 часот. Проектот „Енергетска ефикасност во прекуграничниот регион како индикативен фактор за политика на животната средина” со акроним „ENPOL – EE”, се реализира во партнерска соработка на Oпштина Неготино,Средно општинското училиште „Св.Кирил и Методиј” - Неготино, Општина Пела и Општинското јавно претпријатие за култура и развој на Пела од Грција . Во прилог на поканата можете да ја погледнете и агендата. Агенда |