КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеТрет информативен ден во општина Неготино во рамки на проектот ЕНПОЛЛ-ЕЕ |
Денес во општина Неготино се одржа третиот по ред информативен ден на тема „ Локални потенцијали за производство на енергија од биомаса во општина Неготино и прекугранична област “ во рамки на проектот ЕНПОЛЛ-ЕЕ- Општина Неготино. Во рамки на спроведувањето на проектот „ Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор за политиката на животната средина “ планирано е одржување на 5 информативни денови на кои се очекува да се даде одговор на прашањето: Како можат локалните власти да придонесат за примена на енергетската политика на нивните теории, во заедничка рамка на акции и истовремено да придонесат за подигнување на свеста на локалното население во врска со мерките за енергетска ефикасност ! Досега реализирани активности од овој проект е замената на 1410 стари улични светилки со нови лед во градот и населените места, дислоцирани се 42 мерачи и автоматски стандардизирани ормари надвор од субстаница на ЕВН. За подобрување на енергетската ефикасност во општинската зграда, заменети се постоечките прозорци и врати во канцелариите на локалната самоуправа, поставени се енергетско ефикасни светилки, старите радијатори заменети со енергетски радијатори, а поставена е и внатрешна термоизолација. Инаку, проектот се реализира во партенерска соработка на Општина Неготино, СОУ „ Св. Кирил и Методиј “, општина Пела и Јавното претпријатие за култура и развој на Општина Пела – Република Грција . |