КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеОбјавен оглас за поднесување кандидатури за наградите по повод 8-ми Ноември |
Од денеска 05-ти октомври (понеделник) започна да тече и до 20-ти октомври (вторник) оваа година трае рокот за поднесување кандидатури за добитници на наградата и признанијата по повод празникот на општина Неготино-8-ми Ноември. Општина Неготино го објави огласот за пријавување на кандидатури за добитници на највисоките општински награди и признанија кои се доделуваат по повод празникот на општината 8-ми Ноември-Денот на ослободувањето на Неготино. Наградата и признанијата се доделуваат секоја година како израз на највисоко општинско признание што се доделува за посебни постигнувања во одредени области на поединци и институции од општината. Според одлуката, наградата и признанијата по повод 8-ми Ноември се доделуваат на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија на граѓани и заедници чии дела, односно резултати во работењето и дејствувањето, придонесле за нивна лична и афирмација на општина Неготино. Право на поднесување на кандидатури за добитници на наградата и признанијата имаат сите заинтересирани граѓани, претпријатија, установи, здруженија, месни заедници и групи граѓани, а крајниот рок за доставување предлози е вторник 20-ти октомври, а предлозите во писмена форма се доставуваат до архивата на локалната самоуправа. Процедурата налага пристигнатите предлози најпрво да ги разгледа Комисијата за награди и признанија при општинскиот совет, а конечната одлука за добитниците ја донесуваат советниците во Советот на општина Неготино. Наградите и признанијата на добитниците градоначалникот на општина Неготино Тони Делков ќе им ги додели на свечената седница која ќе се одржи на 8-ми Ноември -Денот на ослободувањето на нашиот град. |