КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеС О О П Ш Т Е Н И Е |
Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2020 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на јавна презентација и јавна анкета за Предлог планот - ДУП за УЗ 3 дел од урбан блок 3.2 (помеѓу улиците „Едвард Кардељ“ и „ЈНА“) КО Неготино, Општина Неготино Граници на опфатот сe: на север и запад по оската на улиците "ЈНА", на исток по осовината на улица „Борис Кидрич“ и на југ по оска на улица „Едвард Кардељ“. Опфатот е со површина од 1,33 ха. Јавната анкета и јавната презентација за Предлог планот - ДУП за УЗ 3 дел од урбан блок 3.2 (помеѓу улиците „Едвард Кардељ“ и „ЈНА“) КО Неготино, Општина Неготино со технички број 3716 од август 2020 година, е изработен од ДПТУ ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на општина Неготино. Јавната анкета ќе трае 10 (десет) работни денови и тоа од 02.09.2020 година до 16.09.2020 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови. Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 15.09.2020 година во 12:00 часот во просториите на општина Неготино. |