ВАЖНО СООПШТЕНИЕ PDF Печати
 Кооординативно тело на општина Неготино за справување со Коронавирус  ги известува сите земјоделци на територијата на општина Неготино кои што вршат ДОПОЛНИТЕЛНА  ЗЕМЈОДЕЛСКА ДЕЈНОСТ да се пријават  денес (четврток) во периодот од 16.00 до 21.00 часот со доставување на потребни податоци по телефон до координативното тело на општина Неготино.
Истовремено информираме тие кои што веќе се евидентирани минатиот викенд може само да потврдат дека  движење за вршење на земјоделска дејност ќе им биде потребно и во текот на престојниот  продолжен полициски час .

Потребните податоци за лицето кое ПРВ ПАТ  се пријавува за движење во текот на престојниот  продолжен полициски час заради вршење на земјоделска активност се:
1.име и презиме
2.матичен број
3.адреса на живеење
4.место каде ќе се извршуваат земјоделските активности
5.контакт телефон
Сите евидентирани лица ќе може да ги извршуваат потребните земјоделски дејности  во периодот од 07.00-19.00 часот во деновите(петок , сабота, недела и понеделник)
Добиените податоци ќе бидат доставени до ОВР-Полициска станица Неготино заради контрола на движење на граѓаните за време на полицискиот час.Граѓаните со себе да понесат и документ за идентификација(лична карта).
Напомена:Пријавувањето е дозволено само за полнолетни  лица, не постари од 67 години!!!
Пријавувањето може да го направите на следниве контакт телефони:
078 484 970
078822292
070 370 555

 

Финансиски индикатор