Продолжено работно време за прием на барања за легализација дивоградби PDF Печати
Со оглед на краткиот рок до кој може да се поднесуваат барања за легализација на бесправно изградените објекти, општина Неготино ги информира заинтерсираните граѓани дека надлежните служби го продолжија периодот на работење. Така, од среда 24-ти август до 3-ти септември барањата за легализација на дивоградбите се примаат секој работен ден од 8 до 20 часот и во сабота од 8 до 14 часот. Истите можат да се доставуваат во Граѓанскиот услужен центар лоциран во приземјето на зградата на општина Неготино.