Волонтерите и советниците од Советот на општина Неготино и денес повторно беа на терен и донираа пакетчиња со средства за лична хигиена и прехранбени продукти PDF Печати

   Волонтерите и советниците од Советот на општина Неготино и денес повторно беа на терен и донираа пакетчиња со средства за лична хигиена но и прехранбени продукти, кои беа обезбедени односно донирани од приватните компании но и поединци од нашата општина .

 Доделени беа пакетчиња на ранливите категории на граѓани согласно информациите добиени од Центарот за социјална работа Неготино, а истите денес беа доделени на семејства во селото Долни Дисан.

 Пакетчиња беа донирани и за штитениците на Дневниот центар за лица со ментален хендикеп „ Порака “ Неготино како и на Здружението на самохрани родители „ Надеж мит “ Неготино.

Општина Неготино ќе продолжи со донирање на пакетчиња и во следните денови во останатите населени места.

#ОстаниДома

 

 

   

 

 

 

Финансиски индикатор