Извршена дезинфекција на сите улици во градот со цел за намалување и спречување на ширењето на Корона вирусот. PDF Печати
Во текот на денешниот ден екипи на ЈП „ Комуналец “ Неготино, ТППЕ и волонтери од општина Неготино со своја расположлива механизација извршуваат дезинфекција на сите улици во градот со цел за намалување и спречување на ширењето на Корона вирусот.

Во оваа акција се вклучени и механизации и екипи од фирмите
 „ АД Венец “ Долни Дисан ,
 „ АД Црвени Брегови “ и
 „ Агро сервис 2000 “, на кои им упатуваме огромна благодарност за нивната несебична поддршка за справување со ситуацијата со КОВИД 19 во нашата општина.    

 

 

Финансиски индикатор