Ставен во функција уред за автоматска дезинфекција на возилата PDF Печати

   Општина Неготино во соработка со приватниот сектор обезбеди и стави во функција уред за автоматска дезинфекција на возилата со што се постигнува поголема ефикасност и намалување на потребата од човечки ресурси. Првиот уред кој веќе работи е поставен на влезот од Неготино кај старите погони на ФЕМ и со истиот се дезинфиницираат сите возила кои влегуваат во нашиот град, а во функција ќе се стави и вториот уред на влезот во Неготино од Кавадарци. Локалната самоуправа упатува благодарност до фирмата „Ал-кито“, Марина метал и други фирми кои помогнаа за брза и аефикасна подготовка и ставање во функција на уредите за автоматска дезинфекција на возилата. Општина Неготино и понатаму продолжува со преземање на соодветни мерки за заштита од корона вирусот.

 

 

 

 

Финансиски индикатор