Градскиот пазар во Неготино се затвора на неопределено време PDF Печати
  Градскиот пазар во општина Неготино од  24.03.2020 ( вторник ) година ќе биде затворен за сите трговци и посетители. Ова денес Советот на општина Неготино  го усвои на вонредна седница со што градскиот пазар ќе биде затворен на неопределено време за што дополнително ќе биде соопштено кога повторно ќе биде отворен. Оваа одлука Советот ја донесе врз основа на  препораките од страна на Министерството за здравство за заштита и превенција од корона вирусот. Со цел спречување на ширење на корона вирусот се апелира на задолжително почитување на оваа одлука од страна на пазарџиите но и од страна на граѓаните на општина Неготино.

 

Финансиски индикатор