Неготинска вечер (19 септември) и Традиционален неготински панаѓур (21-23 септември) PDF Печати

Повеќе од 100 години во чест на верскиот празник Мала Богородица – 21 септември, во Неготино се одржува познатиот Неготински панаѓур.

Последните неколку години празнувањата започнуваат на 19 септември, кога се одржува познатата Неготинска вечер. Ова е вечер на староградска песна, музика и дружење за сите генерации, вечер кога Старата чаршија и градскиот плоштад во Неготино се претесни за да ги соберат посетителите, кои ги забавуваат познати и реномирани музички имиња на македонската естрада. Програмата е збогатена и со настапи на акробати и жонглери као и театарски перформанс на помали театарски групи.

 

Инаку, Неготинската вечер е наследничка на познатата Боемска вечер”, на која покрај другото беше доделувана и наградата Боем на годината”.

Празнувањата продолжуваат на 20 септември со познатата Манастирска Вечер”, кога граѓаните традиционално и масовно го посетуваат манастирот “Свети Ѓорѓи”, кој се наоѓа во непосредна близина на Неготино.

Во текот на следните три дена 21 - 23 септември, започнува стопанскиот дел од манифестацијата, кога централното градско подрачје е претворено во огромен саем на кој трговците кои доаѓаат од сите краеви на Македонија нудат широк асортиман на производи и стоки. Во деновите на Неготинскиот Панаѓур, Неготино е отворено и подготвено да ги пречека сите добронамерни гости и посетители.

 
Банер

е - градежна дозвола

     Законски акти и упатства 

ЈАВЕН ПОВИК

Финансиски индикатор

Министерство за култура

Банер

Програма општинско-корисна работа

Пребарување

Кој е онлајн

Има 7 гости присутни