Соопштение PDF Print
There are no translations available.

   На ден 28.07.2011, во 11.00 часот во салата на општина Неготино ќе се одржи Јавна расправа за промоција на Стратегијата за социјално вклучување, социјална заштита и намалување на сиромаштијата, која е работена во рамките на проектот: Социјална инклузија и човекови права, кој општина Неготино го спроведува во соработка со Институтот за човекови права Лудвиг Болцман.
   Дневен ред на настанот:
-  Отварање на настанот од страна на модератор од општината
-  Поздравно обраќање од градоначалникот  - Пане Трајков
-  Говор од БИМ ФВ Проект – Менаџер – Делова Петранка
-  Презентација на процесот на стратешко планирање од претставник од општината – Кртева Слободанка
-  Презентација на наодите од Основната студија  - Кртева Слободанка
-  Презентација на стратешките цели, мерки, временски рамки, буџет и др. Од локалниот консултант – Марина Димова
-  Прашања и одговори
-  Заклучок и поднесување на стратегијата до Советот на општината за усвојување