КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеОДРЖАН ПРВИОТ ИНФО ДЕН на тема „Важноста во заштитата на животната средина“-ПРОЕКТ ЕНПОЛ-ЕЕ-општина Неготино |
Во рамките на спроведувањето на проектот ,,Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор за политиката на животна средина“ „Enpol-EE“ од програмата за прекугранична соработка „Intereg-IPA CCI 2014 TC 16 15CB 009 во периодот 2014-2020 година, на 03.06.2019 беше организиран првиот инфо ден на општина Неготино .Темата беше „Важноста во заштитата на животната средина“. Намерата е преку серија од 5 инфо денови да се одговори на прашањето „Како можат локалните власти да придонесат за примена на енергетската политика во нивните територии, во заедничка рамка на акции и истовремено да придонесат за подигнување на свеста на локалното население во врска со мерките за енергетска ефикасност“. Поздравно обраќања имаше градоначалникот Тони Делков , а претставување на проектот „ изврши проектниот менаџер Лидија Нечева. Во бројно присуство на ученици од СОУ,, Св Кирил и Методиј,, претставници од Совет на општина Неготино, општинската администрација, други образовни установи и заинтересирани граѓани, вовед во темата „Важноста во заштитата на животната средина“ и експертска презентација направи професор др.Даме Димитровски.Покрај присутните дискусии, првиот инфо ден беше искористен и за давање предлози од страна на засегнатите страни преку поделени прашалници до присутните, а беше споделена и информација за следните инфо денови во рамките на проектот „Енпол-ЕЕ“ во општина Неготино. Организацијата на првиот и на сите останати настани за општина Неготино е доделена на О3 ИНВЕСТ од Скопје.Проектот „Енергетска ефикасност во прекуграничен регион како индикативен фактор за политика на животната средина“ со акроним „Енпол-ЕЕ“ се реализира во партнерска соработка на општина Неготино, СОУ„Св.Кирил и Методиј“ од нашиот град, општина Пела и Јавното претпријатие за култура и развој на Пела-Република Грција. Истиот ден и во СОУ„Св.Кирил и Методиј“ од нашиот град се организираше првиот инфо ден каде што беше извршена промоција на проектот низ поделени промотивни материјали( маички и флаери) за учениците. |