КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеОДРЖАНА ВОВЕДНА СРЕДБА (KICK OFF MEETING) ВО АРИДЕА-ОПШТИНА АЛМОПИА ГРЦИЈА |
There are no translations available. На 17 и 18 Март 2019 проектните тимови од Општина Неготино-Партнер 2 и од ЈП,,Комуналец Неготино-Партнер 4,присуствуваа на прва работна средба во Аридеа- општина Алмопиа во Грција.Истата е дел од проектот,,Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина (”wa-mbrella),од ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција 2014-2020. Проектните активности се реализираат за секој партнер посебно, но севкупна координација меѓу сите партнери е задолжителна и за таа цел на средбата најпрво на 17.03.2019 беше формиран Заеднички Управувачки Комитет кој го сочинуваат по 2 члена од секој од партнерите. Се разговараше околу дефинираните обврски на ченовите на Управувачкиот Комитет на секој од партнерите и истиот беше потпишан на 18.03.2018.Генерални теми кои се дискутираа на средбата за сите 4 партнери беа:Презентација на проектот во целост ,Развој на комуникациски план кој е обврска на водечкиот партнер-општина Алмопиа и кој што се очекува наскоро да биде подготвен и доставен до сите партнери .Истиот покрај другото ќе ги опфати пред се таргетираните страни кај сите 4 партнери за времетраење на проектот и потоа.Важен дел од средбата беше разгледувањето на фазите на напредокот на проектот со посебен осврт на сите партнери. Во овој правец беше информирано дека општина Неготино покрај сите администртивни процедури и отпочнати тендерски постапки ги одржа првите 2 информативни денови за земјоделците, а ЈП,,Комуналец дека е во фаза на подготовка на настанот,,Светски Ден на водата,,кој ќе се одржи во општина Неготино на 22 Март.Беа договорени заедничките активности од проектот кои ја одрзуваат прекуграничната соработка и во овој дел заклучокот беше дека Водечкиот партнер-општина Алмопиа , како одговорен во овој дел потребно е да ги забрза дел од активностите со цел непречено истите да се спроведат и од страна на општина Неготино и од страна на ЈП,,Комуналец,,.Се поставија рокови и задолженија за следните 3 месеци и беше договорено сите 4 партнери да ги почитуваат зададените рокови.Најсуштински компоненти од договореното за Партнер 2 општина Неготино е во следните 3 месеци да ја спроведе тендерската постапка за изградба на колекторски дел (цевковод) за поврзување на канализациониот систем Тимјаник–Неготино, а додека за партнер 4 ЈП,,Комуналец,, да се спроведе тендерската постапка за набавка на геозвучни мерачи и детектори на загуба на водата за пиење.Средбата заврши со предлог период за одржување на следната техничка средба планирана да се одржи во Неготино во месец Јуни. |