КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеНа 13 и 14 март во Неготино ќе се одржат информативни денови за земјоделците |
There are no translations available. Општина Неготино ги информира земјоделците дека на 13 и 14 март (среда и четврток) со почеток од 10,00 часот во големата сала на локалната самоуправа ќе се одржат информативни денови кои се одржуваат во рамките на проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина“. Поканата е отворена и важи за сите заинтересирани земјоделци од нашата општина. Целта на информативните денови е да се презентира состојбата со животната средина и управувањето со водните ресурси во општина Неготино со осврт на влијанијата брз квалитетот на водата и животната средина од вршење земјоделски активности и примена на заштитни средства, како и примена на добри практики за наводнување на полињата и употреба на заштитни средства за културите со цел поттикнување на органското производство. |