КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеЗапочнаа подготовките за одбележување на празникот „ Недела на виното -Св. Трифун 2018“ |
There are no translations available. Како и секоја, така и оваа година општина Неготино благовремено ги започна организационите подготовки за одбележување на„ Недела на виното -Св. Трифун 2018“ со посебен акцент на празникот на лозарите и организирање на централниот настан на 14-ти февруари. Во присуство на претставници на локалната самоуправа, лозари, винарии, енолози, здруженија на граѓани, образовни установи, фолклорни друштва и други, во големата сала на општината се одржа првиот состанок на кој присутните беа запознати со изготвената предлог-програма за одбележување на „Св.Трифун“, при што и самите имаа можност да дадат прелиминарни забелешки и предлози. Според предлог-агендата, оваа година манифестацијата со која ќе се одбележи празникот на лозарите и винарите е насловена како „Недела на виното-Св. Трифун 2018“, а предвидено е истата да трае 3 дена со бројни активности кои ќе се одржуваат во деновите понеделник, вторник и среда ( 12, 13 и 14 февруари ). Општина Неготино за оваа година предложи спроведување на повеќе нови проекти во рамките на манифестацијата, меѓу кои одржување едукативен настан поврзан со вино и грозје- вино терапија и унапредување на можностите за користење на виното и грозјето во козметичката индустрија, организирање на дводневна работилница на ракотворби за вино, декорации на маса за вино и работилници за подготовка на храна, како и отворање на ликовно-копаничарско ателје за креирање препознатлив експонат, а нема да изостане и традиционалната копаничарска изложба. Исто така, како новина се планира организирање на социјални и спортско-натпреварувачки игри и забава со реквизити за производство и складирање на вино , одржување на хуманитарен базар, музичко ликовен уличен перформанс, збогатување на трајна етно-винска поставка во винскиот дел на Музејот на град Неготино, можност за организирање на тридневна тура во регионот, настапи на фолкорни друштва, денс групи и други музичари. Основна цел е да се понуди програма со содржини која ќе предизвика интерес кај сите генерации граѓани, како и присуство на гости од земјава и странство. Главна новина која се предлага од општина Неготино, а во зависност нормално од временските услови е тоа што на самиот ден на одбележување на „Св. Трифун“ – 14-ти февруари на градскиот плоштад програмата се планира да започне претпладне и да трае целодневно .Во вечерните часови пак се планира забавата да продолжи на Старата градска чаршија . Се разбира ќе бидат застапени и други настани кои и во минатите години беа карактеристични за оваа манифестација со главен акцент на виното. Од општина Неготино информираат дека станува збор за предлог-програма која е подложна на измени и дополнувања, па токму затоа и во наредниот период ќе следува организирање на други состаноци на кои ќе се дефинира што точно ќе содржи програмата.Општина Неготино во следниот период очекува поголема зиантересираност токму од винариите , од угостителите и од останатиот приватен сектор од кои се очекува да дадат значаен придонес во севкупната организација за оваа манифестација . Главната цел е во текот на трите дена од одбележувањето на празникот во Неготино да се привлечат што е можно повеќе гости од регионот, земјава и странство а со тоа манифестацијата да се издигне на ниво на препознатлива стопанско-туристичка манифестација. |