КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеЌе се реализираат повеќе проекти со средства од ИПА програмата на ЕУ |
Преку аплицирање со повеќе проекти преку ИПА програмата на Европската унија, а во соработка со општините Алмопија и Пела, општина Неготино успеа да обезбеди средства во висина од 1.000.000 евра од кои 15 отсто се учество на локалната самоуправа и кои ќе бидат искористени за повеќе намени. Градоначалникот Апостолов информира дека согласно проектите, средствата ќе бидат наменети за повеќе цели и тоа: - Изградба на главен колектор за отпадни води за приклучување на селото Тимјаник во системот за отпадни води на Неготино - Изработка на комплетна техничка документација за изградба на пречистителна станица - За потребите на ЈП Комуналец ќе се набави опрема за оддржување на канализационите системи, т.е. возило „канал џет“ за отпушување на јами и канализации - За поефикасно работење на локалното комунално претпријатие ќе набавиме ултразвучни мерачи за проток на вода, односно геофони за детектирање на загубите на вода во водоснабдителниот систем на општина Неготино - Ќе извршиме замена на целото улично осветлување во општина Неготино преку активности за енергетска ефикасност - Ќе се заменат 1.410 постоечки живини и натриумови светилки со нови лед штедливи светилки, како и дислокација на мерни броила и автоматика во стандардизирани ормани надвор од трафостаницата на ЕВН-вкупно 42 броја - Интервенции во општинската зграда за подобрување на енергетската ефикасност - Интервенции во зградата на СОУ „Св. Кирил и Методиј“ за подбрување на енергетската ефикасност преку инсталација на санитарна топла вода во спортската сала и лабораторијата по хемија, поставување на 5 панелни сончеви колектори, 3 цевоводи со автоматика, поставување на 5 бојлери-резервоари, замена на 95 прозорци во гимназијата со разни димензии и друго. |