КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеРеализирана заедничка средба во општина Алмопиа-Грција во рамките на проектот ИПА:Поддршка и развој на економијата на пчелни производи во прекуграничната област,,БЕЕ КОНОМИ,, |
There are no translations available. Во деновите 14 и 15.11.2016 година во општина Алмопиа( Аридеа)Грција беше реализирана по втор пат работна средба (четврта во рамките на проектот) помеѓу проектните тимови од општина Неготино и општина Алмопиа. На 14.11.2015( понеделник) средбата се одржа во просториите на општината Алмопиа. Се дискутираше и се дадоа појаснувања околу содржините на електронските платформи за двете општини и водичот за инвеститори кои се во фаза на подготовка .Потоа следуваше размена на материјали кои се дел од комуникацискиот пакет на општината Алмопиа.На 15.11.2016 ( вторник)работната средба беше одржана во новоопремената просторија за пчеларство во местото Ексаплатанос во близина на Аридеа.Состанокот се одвиваше согласно планираната агенда за вториот ден . Во врска со напредокот на проектот за општина Алмопиа и за општина Неготино се даде преглед за секоја активност посебно.Беше разгледана севкупно набавената опрема за пчеларство која и по завршување на проектот ќе може да биде користена за едукативни , практични и демонстративни цели од здружение на пчелари во општина Алмопиа кое е во фаза на формирање.Во преостанатиот дел од средбата се разговараше за одобреното продолжување на проектот за општина Алмопиа до 26.12.2016 наместо 26.11.2016 .Исто така беше дискутиран и предлогот за продолжување на проектот за општина Неготино, со цел да може да биде завршена и една од главните активности на проектот , а тоа е изградбата на делот од патот Г.Дисан –Вешје во должина од околу 400м за што во моментот се работи на измени во техничката документација.
|