Општина Неготино
Формиран е Локален младински совет при општина Неготино PDF Печати
  На седницата на Советот на општина Неготино одржана на 27.06.2022, а по претходна иницијатива на советникот Стојанчо Атанасов, со мнозинство гласови се верификуваа мандатите на петте членови на Локалниот младински совет при општина Неготино. Со тоа и официјално е формиран Локалниот младински совет ветен во мојата програма. Постапката за формирање траеше околу 5 месеци, се одвиваше на транспарентен начин, и беше во целосна согласност со Законот за младинско учество и младински политики донесен во 2020 година.За членови на Локалниот младински совет при општина Неготино се избрани:
- Пане Камчев
- Тијана Стојанова
- Кристијан Митковски
- Сања Камчева
- Мите Јаначков
Нивниот мандат трае 2 години.
Отсекогаш сум се залагал за развој и просперитетна иднина на младите. Општина Неготино и јас како градоначалник сум отворен за соработка и ќе бидам нивен поддржувач. Нивните идеи, проекти и заложби треба да бидат наш заеднички мотив иднината на општина Неготино да остане на младите лица. Им посакувам успешна и плодна работа на младите советници.
 
 
Се изврши прскање против комарци во Неготино и населените места во општината PDF Печати

   Со опфаќање на сите улици во Неготино и долж кејот, како и во населените места Тремник, Дуброво, Војшанци, Пепелиште, Криволак, Д.Дисан, Тимјаник и Курија, а согласно годишната Програма за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести, синоќа во периодот од 20,00 до 05,00 ч. наутро општина Неготино спроведе активност за прскање против комарци. Адултната дезинсекција со машинско прскање со препарат специјален за уништување на комарци со возило ја изврши фирмата Лиса-ком од Кавадарци, а предходно граѓаните и здруженијата кои одгледуваат пчели и други животни беа известени навремено да ги преземат неопходните мерки за нивна заштита.

Повеќе...
 
Советот на општина Неготино со благодарница до гарнизонот Криволак PDF Печати

  Претставници на Советот на општина Неготино остварија работна средба со претставници на Армискиот полигон Криволак на која се разговараше за досегашните реализирани заеднички активности во интерес на граѓаните на општина Неготино, како и за интензивирање на соработката во наредниот период. На иницијатива на советникот во општинскиот Совет Зоран Стојанов заедно со претседателката на Советот на општина Неготино Роза Јаневска, средбата беше искористена за доделување на благодарница на Гарнизонот Криволак за успешната соработка која му беше врачена на командантот на АП Криволак потполковник Здравко Пејовски. Присутните на средбата ја искажаа подготвеноста соработката помеѓу Советот и Гарнизонот Криволак да продолжи и понатаму, на задоволство и во интерес на сите граѓани на општина Неготино.

Повеќе...
 
Седница на Совет на општина Неготино 27.06.2022 година PDF Печати
Врз основа на член 2 и член 42 од Законот за локална самоуправа ( „Службен весник на РМ “ бр.5/02 ), член 76 од Статутот на општина Неготино ( „ Службен гласник на општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 и 13/20) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „Службен гласник на Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува 13 ( тринаесетатта) редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 27.06.2022 година (понеделник) во 13:30 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на записник од 12 редовна седница на Совет на Општина Неготино
2. Предлог – Одлука за верификација на мандатите на членовите на Локален младински совет на општина Неготино
3. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Неготино за 2022 година
4. Предлог – Одлука за давање на правото на користење на мрежата на јавно осветлување на територијата на општина Неготино
5. Предлог- Решение за разрешувањени именување на член на Училишниот одбор на СОУ „СВ. Кирил и Методиј “ Неготино
6. Предлог- Решение за разрешувањени именување на член на Управниотѕ одбор на ОУ Музеј на град Неготино
7. Предлог- Програма за измена и дополнување на Програмата за урбана опрема
8. Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош
9. Предлог- Решение за доделување на финансиски средства 
 
На 28.06.2022г.(вторник) во Неготино ќе се прска против комарци PDF Печати
   Согласно годишната Програма за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести и оперативниот план, Општина Неготино во вторник на 28 овој месец ќе спроведе активности за прскање против комарци. Се информираат жителите дека адултната дезинсекција со машинско прскање поради запрашување од комарци ќе се изврши во вторник почнувајќи од 20,00 до 05,00 часот наутро. Се апелира до граѓаните и здруженијата кои одгледуваат пчели и други животни, благовремено да ги преземат сите неопходни мерки за нивна заштита. 
 
Трибина за зголемување на безбедноста во сообраќајот во општина Неготино PDF Печати
   Во големата сала на општина Неготино се одржа првата од повеќето планирани трибини на која се разговараше за безбедноста во сообраќајот на територијата на нашата општина и мерките и активностите што би требало да се преземат за итно подобрување на истата. На трибината, пред се, приоритет се даде на детектирање на присутните проблеми и за возачите и за пешаците, а од страна на претставник на ОВР Неготино беа презентирани активностите што тие ги преземаат во рамките на контролите што ги спроведуваат на терен и мерките со кои се санкционираат прекршителите. Стана збор и за потребата од зголемување на бројот на нови паркинг места што ќе се случи наскоро, но пред се потребно е подигнување на свеста кај сите учесници во сообраќајот бидејќи секој граѓанин треба да тргне од себе за сите заедно да бидеме побезбедни. Се заклучи најпрво да се направи обид преку едукација да се подигне јавната свест, а доколку и тоа не вроди со плод, ќе се изрекуваат санкции. 
 
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Следно > Крај >>

Лист 11 од 314