Одбележан 20-ти мај – Денот на пожарникарите PDF Print
There are no translations available.

   Во својство на градоначалник на Општина Неготино денеска присутвував на пригодната свеченост што се одржа во просториите на неготинската Територијална  противпожарна единица, а по повод 20-ти мај Денот на пожарникарите. Традиционално, неготинските пожарникари го одбележаа празникот со презентација на противпожарните возила и на противпожарната опрема, како и демонстрација на нивното функционирање. Во текот на изминатава година од страна на неготинската противпожарна служба беа извршени бројни успешни интервенции за гасење на пожари на приватни објекти и на отворен простор.