КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА СОУ ,,СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ,, ВО НЕГОТИНО |
Во присуство на голем број гости меѓу кои и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, професори, ученици и други просветни работници денеска со пригодна свеченост беше одбележан патрониот празник на Средното општинско училиште Св. Кирил и Методиј од Неготино. Пригодно обраќање пред присутните имаше директорката на оваа образовна установа Маја Тефова која се осврна на значењето на истата во спроведувањето на воспитно-образовниот процес, новините што се воведуваат квалитетот на наставата да биде подигнат на повисоко ниво, притоа заблагодарувајќи им се на сите вклучени во овој процес, како и на професорите и учениците кои со освојувањето награди на републички и меѓународни манифестации имаат придонесено за афирмација на неготинското средно училиште. По повод патрониот празник, честитки упати и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов.
|